Бардовци

Понуда на готови семејни куќи во населба Бардовци.
Изградете го вашиот сон во населба Бардовци по системот „клуч на рака“, во цената е вклучено:

  • плац соодветен на големината на објектот
  • добивање на локациски услови
  • изработка на идеен проект
  • изработка на основен проект
  • изработка на елаборат за енергетска ефикасност
  • добивање на согласност од јавни претпријатија
  • геодетски елаборат за нумерички податоци
  • платени комунални такси кон општина Карпош
  • добивање на одобрение за градба од општина Карпош
  • предбележување на градба
  • изведба на вашиот дом по системот „клуч на рака“
  • оградување на парцелата
  • технички прием на објектот
  • запишување на градбата во имотен лист

Ексклузивна локација и енергетски ефикасни куќи
Населбата на енергетски ефикасни куќи во Бардовци се наоѓа на прекрасно место оддалечено од градска врева, но сепак доволно блиску за секојдневни потреби за квалитетен живот.
Населбата нуди атрактивен и висококвалитетен живот на младите фамилии во здрава околина, во близина на образовни институции и трговски центри како и на парови од сите генерации кои сакаат да уживаат во мирна околина со место за слободни активности, оддалечени од градскиот метеж , совршено за љубители на природата и домот.
Сите куќи и имаат енергетски пасош што овозможува долгорочна заштеда и намалување на трошоците за одржување. Модерното уредување ни дава квалитетен живот и осигурува квалитетно поминување на времето во куќата и дворот.

Секоја куќа - посебна станбена единица
Секоја станбена единица (дел од двокуќа или куќа) е посебна и функционална целина со две паркинг места и сопствен пристап, сопствен и ограден двор која Ви ја овозможува потребната приватност. Секоја единица има своја катастарска парцела со тоа и посебни приклучоци (канализација, водовод, струја, оптика итн.) тоа е доволна причина со што се добива независност.

Висок животен стандард
Изборот на локација за градба на Вашиот дом во Бардовци ви дава една мирна и тивка средина за живот и одлична поврзаност и достапност до секојдневните потреби за урбано живеење.
Пристапот до локацијата е обезбеден со локален пат кој води само до објектите на Братинг и нема останата фрекфенција од случајни посетители. Пристапот пак до градското централно подрачје е преку Булевар Илинденска која овозможува брз проток.
Предност е близината на рекреативен центар за пливање, спортска сала, фитнес сала, како и близина на стаза за пешачење и велосипедизам на самиот кеј на реката Вардар.
Обиколницата и пристап кон автопат и брза комуникација е на оддалеченост на само 2,5 км што овозможува брза комуникација со останатите градови и аеродромот.